• понеделник, 23 декември 2024

Лекарите во Ломбардија бараат целосен карантин

Лекарите во Ломбардија бараат целосен карантин
Рим, 3 ноември 2020 (МИА) - Во италијанската северна покраина Ломбардија расте бројот на заразени со новиот коронавирус, а лекарите тврдат дека ситуацијата во медицинските институции е неподнослива и оти е неопходно веднаш да се воведе целосен карантин. Во апелот до регионалните власти лекарите наведува дека немаат неопходна опрема и материјали. Во Ломбардија во изминатите 24 часа регистрирани се 5.200 нови случаи и 46 смртни случаи. Додека на национално ниво, во Италија во изминатото деноноќие пријавени се помалку новозаболени во споредба со претходниот ден, вкупно 22.000, но тестирани се речиси 50.000 лица помалку. ми/

Остани поврзан