• вторник, 16 јули 2024

Легендарниот алжирски фудбалер Маџер се соочува со затвор поради финансиски измами

Легендарниот алжирски фудбалер Маџер се соочува со затвор поради финансиски измами
Алжир, 3 јуни 2022 (МИА) – Стрелецот на еден од најубавите голови во историјата на Купот/Лигата на шампиони, Алжирецот Рабах Маџер (63) се соочува со затворска кана од 18 месеци поради коруптивни активности. Поранешниот напаѓач на алжирската фудбалска репрезентација, на Порто и Валенсија, се товари за финансиски измами поврзани со пропаднатите дневни весници во негова сопственост Ал Балах и Ал Балах Ериади. Обвинителството побара Маџер да биде осуден на казна затвор во траење од една и пол година. Пресудата ќе биде донесена на 9 јуни. Маџер е еден од најпознатите алжирски фудбалери на сите времиња, а врвот на својата кариера го достигна во 1987 година кога во финалето од Купот на европски шампиони против Баерн Минхен со пета го постигна победоносниот гол и му донесе на Порто европска титула. ег/паг/

Остани поврзан