• понеделник, 23 декември 2024

Лев: Се боревме до крај, но не создадовме поволни шанси

Лев: Се боревме до крај, но не создадовме поволни шанси
Минхен, 16 јуни 2021 (МИА) - Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јоаким Лев ги сумираше впечатоците од синоќешниот натпревар на ЕП 2020 против Франција (0:1). - Се покажа дека е навистина напнат натпревар, и ние се боревме во него до самиот крај. Не можам да го обвинам тимот, затоа што момците дадоа сè себе. Имаше сегменти од натпреварот во кои може да го зголемиме притисокот кон голот на противникот, но не создадовме поволни шанси, истакна Лев. Германија во второто коло ќе игра со Португалија, додека Франција ќе се соочи со Унгарија. зс/

Остани поврзан