• понеделник, 23 декември 2024

„Лево-Десно, економијата од две перспективи“ од Никола Поповски и Трајко Славевски

„Лево-Десно, економијата од две перспективи“ од Никола Поповски и Трајко Славевски
Скопје, 9 април 2021 (МИА) - Во издание на „Матица македонска“ од Скопје, излезе од печат книгата „Лево-Десно, економијата низ две перспективи“ од универзитетските професори Никола Поповски и Трајко Славески, поранешни министри за финансии. Во јавноста се познати концепциските разлики на авторите, па дури и нијансите во нивните економски, а понекогаш и општествени сфаќања. На страниците од ова дело Поповски и Славески дебатираат за дваесет важни теоретски или практични економски прашања и проблеми. Внимателното читање ќе покаже на многу сличности во сфаќањата, но и на важните разлики. Со коавторството на ова дело познатите универзитетски професори пробиваат и некои видливи или невидливи бариери во општеството. Иницијативата за подготовката на ова несекојдневно дело е на Зоран Јовановски, кој е автор на инспиративниот предговор кон изданието. нд/сп/

Остани поврзан