• петок, 22 ноември 2024

Левица: ФЕНИ ќе почне со работа на штета на вработените , бараме национализација

Левица: ФЕНИ ќе почне со работа на штета на вработените , бараме национализација

10 јуни 2024 
 
Стартот на производство во тенденциозно ограбениот од офшор компании, индустриски комбинат ФЕНИ, според најавите, е неизвесен! Причината за ова е што работниците сѐ уште немаат склучено договори за вработување. Главен проблем е тоа што на работниците им се нудат мизерни услови по однос на месечните примања. Згора на тоа, новите сопственици се закануваат со увоз на работници од Косово!
 
Претходните апели на Левица да се искористи можноста за национализирање на компанијата, која е во една од најпрофитабилните индустрии, беа занемарени од претходната власт! Затоа, повторно упатуваме апел да се преземат потребните чекори за враќање на достоинството на вработените, кои не бараат дополнителни, туку си ги бараат заслужените примања, согласно видот на дејноста што ја извршуваат.
 
Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, се сретна со вработените пред Фабриката и изјави дека Левица има долгорочен план за максимално искористување на суровината, намалување на количината на јаловина, еколошки одржливо производство и достоинствен живот на работниците кои макотрпно работат во еден од најголемите извозни капацитети во државата!

Политичка партија Левица 

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки 

Остани поврзан