• понеделник, 23 декември 2024

Левица: Споредбата на изградбата на Моравскиот коридор со Коридорите 8 и 10 е несоодветна

Левица: Споредбата на изградбата на Моравскиот коридор со Коридорите 8 и 10 е несоодветна

Скопје, 30 април 2023

Провладините медиуми, како и нивните мегафони (маскирани во „аналитичари“ и „експерти“) во обид да го оправдат криминалот на Владата на чело со Артан Груби за изградбата на Коридорите 8 и 10, прават несоодветна споредба со градењето на ,,Бехтел и Енка" во соседна Србија.

Имено, сакајќи да ги релативизираат сите спорни, коруптивни и криминални елементи на скандалозниот договор, владините медиуми се обидуваат да покажат дека со бизнисот на оваа американска фирма нема ништо спорно, алудирајќи на тоа дека истата компанија започна да го гради и Моравскиот коридор во Република Србија.

Но, она што овие медиуми и „експерти“, кога ја прават споредбата со Србија, забораваат да го кажат е следново:

- Пред се, компанијата ,,Бехтел и Енка" во Србија за изградба на Моравскиот коридор е избрана на тендер, а не со таен договор во четири очи како во Македонија, заобиколувајќи го Законот за јавни набавки

- Додека Владата на Ковачевски и Груби сѐ уште не ги објавуваат деталите од договорот со ,,Бехтел и Енка", Србија сосема транспарентно ги сподели деталите со јавноста и оттука јасно може да се видат разликите;

- Имено, во Србија договорот со ,,Бехтел и Енка" е околу 700 до 800 милиони долари, за автопат со иста должина како нашиот - 112км, кој, за разлика од проектот во Македонија, вклучува: изградба на 88 мостови, 29 надвозници, 11 петљи и 117 пропатни објекти. Дополнително, во проектот се вклучени и 1000км оптички кабел пуштен по должината и истиот е 5G спремен со потстаници и предавателна опрема, и 40км појас за заштита од поплави во Моравскиот регион, со 18 хидротехнички објекти.

Сите овие разлики, всушност укажуваат токму на фактот дека договорот кој Владата на СДС и ДУИ го направија со Бехтел и Енка е штетен за Македонија и истиот е извор на корупција и криминал.

Тоа е јасно и од простиот факт дека Моравскиот регион не е многу географски различен од нашиот, ако не и полош за изградба, должината е скоро идентична како проектот во Македонија, а сепак разликата во цената е драстична. Имено, додека проектот на,,Бехтел и Енка" во Србија ќе чини 700 до 800 милиони евра, во Македонија проектот чини фантастични 1.350 милиони евра?!

Политичка партија Левица

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан