Левица со повторно барање во Општина Центар за продолжен престој во училиштата
- И покрај многуте барања за продолжен престој на родителите на ученици од основните училишта во Центар, за жал сеуште тоа не им е овозможено на сите ученици во нашата општина.
20 декември 2023
И покрај многуте барања за продолжен престој на родителите на ученици од основните училишта во Центар, за жал сеуште тоа не им е овозможено на сите ученици во нашата општина.
ова е втор пат да се поднесе ваква иницијатива, откако минатиот пат беше одбиено да се постави на дневен ред со образложение дека истото се коси со законот.
Според законот, продолжениит престој е задолжителен и загарантиран од МОН до 3то одделение, додека пак од 3то до 5то доколку училиштата имаат потреба, продолжениот престој се финансира од општините и општините се должни тоа да го овозможат.
Децата од нашите училишта насушно имаат потреба од овој престој, што се докажува и со бројните барања и иницијативи од советите на родители во самите училишта.
Советниците на Левица во Центар побараа итно решавање на овој проблем и за истото да се дискутира и најде решение на утрешната кординативна седница која ќе се одржи исто така на барање на нашата советничка група, со цел темелно да се дискутира за повеќе прашања пред седницата за носење на престојниот буџет.
Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: МИА архива