• петок, 22 ноември 2024

Левица со иницијатива до Уставен суд за 72 часовната работна недела

Левица со иницијатива до Уставен суд за 72 часовната работна недела

Скопје, 15 јуни 2023

Политичката партија Левица поднесе Иницијатива за оценка на уставноста на новодонесените измени на Законот за работни односи, со којшто се воведува 72 часовно работно време, со цел спроведување на договорот на „Бехтел и Енка“.

Донесените одредби се противуставни. Осум часовното работно време е меѓународен стандард, како и дневниот, неделен и годишен одмор загарантирани со Уставот и со меѓународното право.

Со воведување на 72 часовно работно време неделно, ќе се вратиме во едно робовладетелско општество!
Левица, со цел да ги заштити работниците, ја доставува оваа иницијатива. Се надеваме дека Уставниот суд ќе биде на висина на својата улога и задача во правниот систем и оваа иницијатива, во најкус можен рок ќе ја прифати и по истата ќе одлучи да ги поништи или укине овие одредби.

Да потенцираме дека Левица се обиде и во Собранието да превенира донесување на штетни одлуки во Законот за работни односи, со поднесени над илјада амандмани. Продолжуваме и понатаму да се бориме да се заштити работникот.

Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица

Фото: МИА архива

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки. 

Остани поврзан