• понеделник, 23 декември 2024

Левица: Смртоносната игра за рудникот во Иловица продолжува

Левица: Смртоносната игра за рудникот во Иловица продолжува

14 декември 2023 

Вишиот Управен суд, кој е под контрола на ДУИ, во состав: Виолета Илиевска, Емрије Зубери Амити и Субхи Јакупи, наместо конечно да го реши проблемот и да ја затвори можноста за отварање на рудникот, донесе одлука со која предметот го враќа во рацете на министерот Бектеши од ДУИ и Владата на Република Македонија. Од сиот судски процес произлегуваат две битни пресуди и две судски толкувања. Едното е дека Владата 'може' ама 'не мора' да ги спои концесиите по завршувањето на постапката за спојување. Второто е дека Владата мора да ги спои концесиите, но за тоа нема рок.

Сагата почна кога ДПМНЕ во време на Груевски издаде 80 концесии за геолошки истражувања на територијата на целиот југоисток, за потоа СДС да дојде на власт со ветување дека рудник на смртта во Иловица нема да има, но во текот на целокупното владеење да не најде начин и време конечно да го реши овој проблем. За сега олигарси на ДУИ и блиски на политичката партија ГЕРБ од Бугарија, да видат лукративни можности во овој подвиг за екоцид.

На овој начин, троецот СДС-ДПМНЕ-ДУИ е во позиција да тргува со животите на народот од југоистокот, и од олигарсите на кои ќе им ветуваат отварање на рудникот да добиваат пари за своите предизборни кампањи - додека за народот се резервирани празни патриотски, економски, зелени, прогресивни и европски флоскули.

Сепак, рудник на смртта во Иловица нема да има! Народот од југоисточна Македонија е целосно обединет во борбата за заштита на својот животен простор и условите за достоинствен и квалитетен живот - за ова прашање ја имаат потполната поддршка од Левица.

ПП Левица 

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан