• четврток, 19 декември 2024

Левица: Популарното судско тефтерче повторно во рацете на ДПМНЕ

Левица: Популарното судско тефтерче повторно во рацете на ДПМНЕ

Скопје, 13 декември 2024 

Коалицијата ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ за нов член на критикуваниот Судски совет скандалозно ја инсталира сопругата на градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов, кој доаѓа токму од ДПМНЕ. Данка Ристова е избрана за член на Судскиот совет на местото на Лорета Ѓорѓиева од Струмица, за која во јавноста гласно се говореше дека е од „тефтерчето" на Заев, со што фамозното „тефтерче" за избор на подобни партиски судии, повторно премина во рацете на ДПМНЕ!
 
Со ваквиот избор се потврдија укажувањата на Левица, дека бизнис - елитите на криминалните политички партии, ДПМНЕ, СДС, ДУИ и нивните деривати, изминативе години константно го партизираат судството со избор на свои подобни партиски судии, без никаква надеж дека довербата од 2% воопшто би се покачила.
 
Оваа одлука го демонстрира истиот шаблон на поставување партиски кадри во клучните правосудни тела, а со цел цементирање на политичката контрола и обезбедување на комоција во криминалното владеење.
 
Овој избор доаѓа во време кога премиерот Мицкоски најавуваше сериозни реформи, дури и распуштање на Судскиот совет поради неговото катастрофално работење. Очигледно, Мицкоски ќе продолжи да го зајакнува системот што го критикуваше. 
 
Левица ја предупредува јавноста дека Мицковизмот не само што ќе го наследи, туку и ќе го надгради Заевизмот. Она што го критикуваше, Мицкоски сега совршено го копира, дополнувајќи го со нови механизми за зацврстување на партиската контрола врз правосудството и државните институции. Ова не е промена, туку продлабочување на истиот гнил систем којшто ја задушува Македонија и ја урива довербата на граѓаните.

Левица

_____________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото МИА архива

Остани поврзан