• понеделник, 01 јули 2024

Левица поднесе предлог-закон за драстично намалување на патните трошоци на пратениците

Левица поднесе предлог-закон за драстично намалување на патните трошоци на пратениците
Скопје, 28 април 2021  Ја известуваме јавноста дека пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, денес до собранискиот спикер поднесоа Предлог-закон за изменување на Законот за пратениците во делот на патните трошоци. Со овој закон, Левица предлага четирикратно намалување на досегашните патни трошоци (од 20% на 5% од продажната цена на литар гориво за изминат километар). Ова практично значи дека патните трошоци ќе бидат сведени на реалната цена на чинење на патен билет во меѓуградски превоз. Овој Предлог-закон е плод на широка компаративно-правна анализа на регулативите на земјите од ЕУ и Западен Балкан, којашто во изминативе неколку месеци ја спроведе нашиот правен тим, а од која само ни се потврди ноторниот факт дека Република Македонија за еден мандатен период на Собранието е рекордер во Југоисточна Европа по потрошените јавни пари за патни трошоци на парламентарците. ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА _____________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан