• сабота, 09 ноември 2024

Левица: Поднесена жалба за отфрлената кривична пријава против пратениците кои гласаа во скафандери

Левица: Поднесена жалба за отфрлената кривична пријава против пратениците кои гласаа во скафандери
Скопје, 29 јуни 2021 Денес, правниот тим на Политичката партија Левица, до Вишото јавно обвинителство – Скопје, поднесе Жалба против Решението за отфрлање на кривичната пријава поднесена против претседателот на Собранието на РМ – Талат Џафери и против двајцата пратеници од владејачката коалиција: Бисера Костадинова Стојчевска и Мирослав Богдановски, кои спротивно на законот, дојдоа во законодавниот дом позитивни на коронавирусот. Жалбата е поднесена поради: суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка, погрешно утврдена фактичка состојба и повреда на Кривичниот законик. Согласно Протоколот за организирање на конститутивна седница бр. 02-2342/1 (30.07.2020), донесен од Собранието на РМ, е предвидено обезбедување присуство и сместување на пратеник на кој му е издадено решение за самоизолација, но кој е само суспектен, а не и позитивен на Ковид-19! Дополнението на Протоколот бр. 09-2342/3 (17.11.2020), на кое толку се повикува спикерот Џафери, се однесува само на оние пратеници на кои им е издадено решение за изолација поради контакт со заболено лице, а никако не и на позитивни пратеници! Тоа предвидува дека пратеникот кој е во домашна самоизолација, а нема симптоматологија поврзана со Ковид-19, може да присуствува на седница на Собранието на РМ доколку на седницата дојде со сопствено/службено возило и притоа иститот мора да чека во возилото (а не во зградата или канцеларијата), сè додека не биде јавено дека сите пратеници се веќе влезени во Големата сала, каде што се одржува заседанието, па дури тогаш може да го завземе своето место во Кабината [параграф §3]! Но, пријавените пратеници, во претходен договор со спикерот, се внесени во Собранието спротивно на наведениот Протокол и неговото дополнување, бидејќи нивниот влез во кабината не бил спроведен отпосле, туку пред влезот на останатите пратеници во салата (сосем спротивно на тоа што изрично го налага Дополнувањето на Протоколот), а истите биле присутни во зградата на Собранието на РМ два часа пред почетокот на седниците, што е изрично забрането, и ги доведува во ризик како останатите пратеници, така и вработените во Собраниската служба. Президиум на Левица ____________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан