• сабота, 29 јуни 2024

Левица: Патарините како незаконски надоместок за пратениците под закрила на Уставниот суд

Левица: Патарините како незаконски надоместок за пратениците под закрила на Уставниот суд

Скопје, 6 февруари 2023 

Уставниот суд под раководство на Добрила Кацарска повторно се стави во служба на привилегиите на естаблишментот.Овој пат, Уставниот суд одлучи да не поднесе постапка по иницијативата на Левица за оценување на уставноста на одлуката на пратениците да им се исплаќаат трошоци за патарини. Ваквата привилегија се коси со неколку законски одредби од Законот за пратеници и Законот за Собранието, каде прецизно се наведени финансиските привилегии на народните избраници, меѓу кои не се споменати трошоци за патарини.Левица во својата иницијатива потенцира дека иницијативата со оспорените точки од одлуката се нарушува системот на нормативна хиерархија и конзистентноста на уставниот поредок и усогласеноста на подзаконските акти со законите и Уставот.

Единствено уставниот судија Дарко Костадиновски јасно укажува во своето издвоено мислење дека наводите во иницијативата се ОСНОВАНИ, затоа што оспорените одредби можат уставно-правно да се оспорат. Дополнително, Костадиновски во своето издвоено мислење ја потенцира и правната сигурност, од каде и произлегува стандардот на недопуштеност materia legis да биде уредувана со подзаконски прописи.Костадиновски констатира дека правото на надоместок за трошоци за патарина, кое не е предвидено во законска норма, не може да биде утврдено во подзаконски акт, со што работното тело кое ја донело оспорената одлука излегува од дадената законска рамка и ги пречекорува своите овластувања ставајќи се во улога на законодавец со воведување, односно утврдување на ново право што исклучиво е законско уредување.Останатите судии во состав: Добрила Кацарска, Насер Ајдари, Татјана Васиќ-Бозаџиева, Осман Кадриу, Вангелина Маркудова и Фатмир Скендер, за жал, наместо правна сигурност и владеење на правото, одбраа да застанат во заштита на интересите на пратениците.

Политичка партија Левица

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан