• понеделник, 23 декември 2024

Левица: Извештајот на ЕК го потврди анти-европското владеење на СДС и ДУИ

Левица: Извештајот на ЕК го потврди анти-европското владеење на СДС и ДУИ

Скопје, 9 ноември 2023

Извештајот на Европската комисија (ЕК) за изминатата година ја потврди оценката која граѓаните веќе ја знаат, а тоа е дека Македонија нема напреднато милиметар во европскиот пат, во ниту една од областите кои се поделени во 33-те поглавја на 6-те кластери. Досега, појасна порака дека Владата на СДС и ДУИ, покрај анти-државната, води и анти-европска политика немаме добиено!

Катастрофално судство, анти-европски закони, злоупотреба на европско знаменце, корупција во подвиг, администрација во статус-кво, неспроведување на препораките на
ОБСЕ повеќе од 10 години, социјална исклученост на лицата со посебни потреби и најбавен економски напредок во регионот, се само дел од оценките кои го „красат“ Извештајот на ЕК, за изминатава година дивеење на СДС и ДУИ.

Најголем дел од забелешките во Извештајот на ЕК се токму проблемите кои политичката партија Левица веќе ги има укажано, како до државните институции, така и од собраниската говорница. За решавање на голем дел од нив веќе се поднесени предлог-законски решенија, кои или стојат во фиоката на Џафери, или заеднички се одбиени од СДС и ДПМНЕ. 

Дел од проблемите нотирани во извештајот се апсолутно истите оние кои беа нотирани и пред повеќе од десет години. Интеграцијата во ЕУ останува само празна фраза на владејачката политичка елита, додека единственото кое тие го спроведуваат е злоупотребувањето на европските фондови за нивните лукративни нагони, кои полека излегуваат на површина.

Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан