• вторник, 17 декември 2024

Левица: Две години неказнивост за модуларната болница, бараме правда за жртвите

Левица: Две години неказнивост за модуларната болница, бараме правда за жртвите

Скопје, 8 септември 2023

Активисти на Црвена Младина денеска по повод двегодишнината од пожарот на модуларната болница во Тетово пред Основното Јавно Обвинителство ја исценираа монструозната изјава на несудениот нобеловец Зоран Заев по пожарот во модуларната болница: „Што треба, сите да се посипеме со пепел или со бензин и да се запалиме“?, притоа поставувајќи 14 празни столици во сеќавање на 14-те загинати лица во трагедијата.

Потсетуваме дека целата „истрага“ за пожарот во кој животот го загубија 14 лица на надлежните институции заврши со обвинување на продолжениот кабел и условни казни за докторите и глоби од 4 000 денари, додека вистинските виновници уживаат во милиони крвави евра.

П.С При изведувањето на оваа акција, полицијата не држеше повеќе од еден час што говори дека побрзо ќе ги апсат тие што бараат правда отколку вистинските виновници!

Фото: Левица

Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан