• понеделник, 23 декември 2024

Левица: Во време на пандемија сопругот на Царовска добива тендер со скандалозни суми

Левица: Во време на пандемија сопругот на Царовска добива тендер со скандалозни суми
Скопје, 21 март 2021 Додека власта со катастрофално менаџирање на пандемијата државата ја воведува во должничко ропство, Град Скопје и фирмата „Флај кем“ склучиле договор вo вредност oд еден милион денари или 16.250 евра за една година. Она што е највозбудливо во овие нови зделки на градот е тоа што сопственик и управител на оваа фирма е партнерот т.е. невенчаниот сопруг на министерката за образование Мила Царовска, кој веќе сме го гледале вплеткан и во други слични епизоди на оваа крими сапунска серија на власта. Практично, на 4 март, Град Скопје и фирмата „Флај кем“ од Скопје склучиле договор за набљудување со дрон на шумските површини на скопската котлина за рана детекција на растителни болести. Во овој договор е утврдена и поединечната цена за снимање на шумите на Скопје за еден квадратен километар од фамозни 82.600 денари! Дополнително, Град Скопје пак има обврска да ѝ обезбеди на компанијата соодветен лиценциран софтвер во кој ќе се прават премерите на теренот. Оваа фирма и порано беше вплеткана во слични скандали, со конфликт на интереси и кршење на основните етички норми, кога снимаше за потребите на други државни институции. Во април 2018 година имаше договор со МЕПСО за обезбедување на „специјални летечки уреди (дронови) за извршување вонреден преглед на ДВ“ во вредност од 779.980 денари, потоа работеше и за Општина Куманово, а во март 2018 година Флај кем продал дрон за 129.800 денари на општината. Истот така оваа фирма во 2019 година снимаше со дрон за потребите на кумановската градинка „Ангел Шајче“ (2х35.000 денари). Иако и од дрон се гледаат намерите на власта да ја наградат министерката Царовска за доследното бришење на историјата од учебниците, Левица сепак очекува одговор од градоначалникот Петре Шилегов и министерката Царовска, двајцата високи функционери од СДСМ, во врска со овие сомнителни зделки. Дополнително, за овој скандал ја повикуваме и Антикорупциската комисија да отвори случај со цел да утврди судир на интереси. Политичка партија Левица _____________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан