• понеделник, 23 декември 2024

Левица: Водостопанство отуѓува имот за згради на Фатмир Етеми

Левица: Водостопанство отуѓува имот за згради на Фатмир Етеми
Скопје, 21 септември 2022
Локман Љимани, главен извршен директор на АД „Водостопанство“, поднесол барање до Комисијата за урбанизам на Град Скопје, со кое бара на земјиште во сопственост на ова државно претпријатие да бидат вцртани станбени објекти.
Се работи за атрактивно земјиште, лоцирано кај стадионот Локомотив во општина Карпош.
Лимани, кој порано беше и директор на Државен градежен инспекторат, сега бара наместо зеленило кое е предвидено со последната верзија на ДУП-от, да бидат вцртани станбени згради.
АД „Водостопанство“, како акционерско друштво во државна сопственост, треба да ги заштитува и застапува потребите и интересите на жителите на Република Македонија. Во овој случај, барањето за вцртување на станбени згради е во целост спротивно на потребите на жителите на Општина Карпош.
Истовремено, до Левица пристигнаа информации дека Лимани ова барање го доставил по налог на контроверзниот инвеститор, Фатмир Етеми, кој подоцна треба да го купи имотот.
Јавно го повикуваме Локман Љимани да објасни какви потреби АД „Водостопанство“ има од станбени згради.
Исто така, алармираме Комисијата за урбанизам на Град Скопје по ова барање да постапи согласно потребите на жителите на Општина Карпош, а не граѓаните да бидат жртви на уште едно сценарио како случајот со Мајчин дом.
Политичка партија Левица
_______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан