• петок, 05 јули 2024

Леброн: Ќе играме против МВП на тековната сезона, Стеф Кари

Леброн: Ќе играме против МВП на тековната сезона, Стеф Кари
Лос Анџелес, 17 мај 2021 (МИА) – Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, ги сподели своите очекувања за претстојниот дуел од плејин на НБА-лигата на 19 мај против Голден Стејт, оддавајќи му почит на лидерот на клубот од Сан Франциско, Стеф Кари. Според Џејмс, Кари е најкорисниот играч (МВП) на тековниот шампионат. - Ќе играме во плејин против кошаркар кој според мене е вистинскиот МВП на овој шампионат во НБА. Ние мора да бидеме подготвени на апсолутно сè што Стеф и Вориорс можат да ни понудат. Ова е тим со шампионска ДНК. Пред да започне сезоната, сите го отпишаа Кари. Луѓето се прашуваа: „Клеј Томпсон е повторно повреден, може ли Стеф да го предводи тимот? Како ќе се покаже? Дали е способен сам да ги повлече Вориорс и да го одведе тимот во плејофот?“ Стеф Кари одговори на скептиците со својата игра. Тој се покажа во најдобро светло, исполнувајќи ги сите најголеми очекувања. Па дури и повеќе, рече Леброн. На крајот од регуларниот дел од сезоната, 33-годишниот Кари ја освои титулата најдобар стрелец во НБА-лигата со 32 поени во просек по натпревар. Кари и Мајкл Џордан се единствените играчи во историјата на НБА кои ја освоија титулата најдобар стрелец со наполнети 33 години. зс/

Тагови

Остани поврзан