• петок, 22 ноември 2024

Леброн разговараше со Барак Обама. Поранешниот претседател на САД ги советуваше играчите да не ја бојкотираат Лигата

Леброн разговараше со Барак Обама. Поранешниот претседател на САД ги советуваше играчите да не ја бојкотираат Лигата
Орландо, 29 август 2020 (МИА) - Напаѓачот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс стапи во контакт со поранешниот американски претседател Барак Обама во врска со бојкотот во плеј-офот во НБА, пренесува „The Athletic“. Разговорот со Обама се случи откако Лејкерс и Клиперс гласаа против понатамошно учество во плеј-офот. Поранешниот шеф на Соединетите држави беше контактиран од Џејмс, претседателот на синдикатот на играчи Крис Пол и неколку други кошаркари по состанокот на синдикатот. После тоа, НБА објави дека плејофот ќе продолжи денес, 29 август. зс/  

Остани поврзан