• понеделник, 23 декември 2024

Леброн: Ние како тим сме на страната на Ембид

Леброн: Ние како тим сме на страната на Ембид

Париз, 5 август 2024 (МИА) - Леброн Џејмс вели дека цела репрезентација на САД го поддржува Џоел Ембид.

Центарот на Филаделфија, кој доби француски пасош, реши да игра за американскиот тим на Олимпијадата во Париз. Поради оваа одлука француските навивачи со свирежи реагираат на секој контакт на Ембид со топката за време на натпреварите.

- Ние како тим сме на страната на Џо. Тој е расположен, сите сме расположени. Сите 11 соиграчи на Џо даваат поддршка на и надвор од теренот доколку му е потребна, рече американската кошаркарска ѕвезда.

САД се апсолутен фаворит за освојување на златниот медал. Во четвртфиналето Американците утревечер ќе се соочат со репрезентацијата на Бразил. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан