• понеделник, 23 декември 2024

ЛДП: Изгласана доверба на претседателката Моника Зајкова и раководството

ЛДП: Изгласана доверба на претседателката Моника Зајкова и раководството

Скопје, 31 мај 2024 (МИА) - Либерално-демократската партија вечерва ја одржа првата седница на Централниот одбор по изборите на која донесе одлука за давање целосна поддршка на претседателката Моника Зајкова и раководството да ја води и застапува партијата во идните делувања и во јавноста.

Како одговорна партија, се наведува во партиското соопштение, ЛДП внимателно го разгледа Извештајот за подготовките, настапот и резултатите на партијата за претседателските и за парламентарните избири 2024 година доставен од страна на Централниот изборен штаб. Централниот одбор го усвои извештајот, а биле детектирани и укажано на слабостите кои се појавиле во текот на кампањата.

ЛДП, се псоочува, во парламентот ќе дејствува независно како и досега, а ќе дадат поддршка на се што значи напредок на државата на реформскиот и евроинтегративниот пат и ќе носи добробит на граѓаните.

-Исто така, ќе бидеме и гласни критичари на сите закони и политики кои се лоши за државата и ја враќаат назад, потенцираат од ЛДП.

На седницаѕа ЦО го овластил Генералниот секретар да организира посета на членовите во секоја општинска организација со цел изготвување на темелна анализа за натамошното дејствување и политики на партијата.

За извештајот, анализата и сите одлуки, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана. потенцираат од ЛДП. вг/

Фото: ЛДП / МИА Архива

Остани поврзан