• понеделник, 23 декември 2024

ЛДП: Запуштениот кеј на река Вардар - од некогашна гордост до денешен срам за скопјани

ЛДП: Запуштениот кеј на река Вардар - од некогашна гордост до денешен срам за скопјани

Скопје, 13 август 2024


ЛДП изразува длабока загриженост за состојбата на кејот на река Вардар, кој некогаш беше симбол на убавината и чистотата на Скопје, а денес претставува срам за сите нас. Некогашното место за прошетки и рекреација на скопјани е запоставено и запуштено.


Кејот на Вардар, кој требаше да биде гордост на главниот град, денес е неискосен и неисчистен, со непристојни количества отпад и диво израсната вегетација. Ова не само што влијае на изгледот на нашиот град, туку претставува и сериозен ризик по здравјето и безбедноста на граѓаните.


ЛДП апелира до надлежните институции итно да преземат мерки за расчистување и одржување на овој важен јавен простор. Кејот на Вардар заслужува да биде вратен во својата полна слава и повторно да стане место на гордост за сите скопјани.


Повикуваме на одговорност и посветеност од страна на локалните власти во исполнувањето на нивните обврски кон граѓаните.

Фото: ЛДП

Лидерално демократска партија

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан