• петок, 22 ноември 2024

Лајчак: Оптимист сум за напредокот на некои клучни прашања во дијалогот меѓу Косово и Србија

Лајчак: Оптимист сум за напредокот на некои клучни прашања во дијалогот меѓу Косово и Србија

Брисел, 29 октомври 2024 (МИА) - Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, изјави дека, без разлика што на последниот состанок на дијалогот нема напредок во спроведувањето на Договорот за нормализација од 2023 година, тој е оптимист за напредокот во однос на некои други клучни прашања.

-Минатата недела бев домаќин на уште една рунда дијалог со поддршка на ЕУ на ниво на главни преговарачи, со фокус на унапредување на нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија, особено преку имплементацијата на Договорот за патот кон нормализација од 2023 година. Иако не направивме пробив по ова прашање, оптимист сум за одреден напредок за некои други клучни прашања, кои ќе ги следиме во наредните недели, напиша Лајчак на Фејсбук.

Тој додаде дека минатата недела имал можност да се сретне со директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница и да разговара за енергетската соработка во Западен Балкан и важноста на пазарната интеграција во ЕУ во услови на, како што наведува, сложеноста на односите меѓу Косово и Србија.

-Исто така, се вклучив во плодна дискусија со јапонскиот амбасадор во ЕУ, ажурирајќи ја состојбата на дијалогот и истражувајќи начини за зајакнување на нашите врски и соработка. Го ценам долгогодишното вклучување на Јапонија во Западен Балкан со цел да се поддржат реформските напори во регионот, рече тој. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан