• недела, 24 ноември 2024

Лајчак: Оваа недела фокусот е на следење на договореното во дијалогот

Лајчак: Оваа недела фокусот е на следење на договореното во дијалогот

Брисел, 11 ноември 2024 (МИА) - Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, најави дека оваа недела ќе биде целосно фокусиран на следење на постигнатиот договор на последната средба на главните преговарачи во Брисел.

-За да се вратам на мојата главна област на работа, ќе ја започнам мојата недела во Женева со важни дискусии за Западен Балкан. Оваа недела исто така ќе биде целосно фокусирана на следење на тоа што беше договорено за време на нашиот последен состанок на главните преговарачи, напиша Лајчак на Фејсбук.

Главните преговарачи на Белград и Приштина, Петар Петковиќ и Бесник Бисими, последен пат се сретнаа на 24 октомври во Брисел во рамки на дијалогот со посредство на ЕУ, по што Лајчак рече дека тема на средбата е спроведувањето на Охридскиот договор. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан