• сабота, 23 ноември 2024

Лајчак: Интензивни и суштински консултации со претставници на Франција, Германија, Италија и САД

Лајчак: Интензивни и суштински консултации со претставници на Франција, Германија, Италија и САД

Белград, 25 септември 2023 (МИА) - Специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак, денеска изјави дека имал „интензивни и многу значајни консултации“ со дипломатските советници на лидерите на Франција, Германија и Италија и американскиот пратеник за Западен Балкан за следните чекори во спроведувањето на договорот за нормализација и ситуацијата на северот на Косово.

Вонреден состанок се одржа денеска во Брисел по вчерашниот напад врз припадниците на косовската полиција на северот на Косово во кој загина еден полицаец и најмалку тројца членови на вооружена група Срби.

На средбата присуствуваа дипломатските советници на францускиот претседател и германскиот канцелар, Емануел Бон и Јенс Плетнер, дипломатскиот советник на италијанскиот премиер Франческо Тало, како и американскиот пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар.

-Интензивни и многу значајни консултации со главните дипломатски советници Боно, Плетнер и Тал и заменик-помошникот државен секретар на САД, Ескобар, напиша Лајчак на платформата „Х“.

Тој рече дека разговарале за „следните чекори во спроведувањето на договорот за патот кон нормализација и ситуацијата на северот на Косово“ и додаде дека е „благодарен за нивната целосна поддршка“. 

Лајчак претходно изјави дека по новиот инцидент на северот на Косово, кој го оцени како „страшен“ и „длабоко загрижувачки“ напад, во наредните денови „ќе се фокусира на изнаоѓање пат напред“. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан