• понеделник, 23 декември 2024

Лафчиски ќе учествува на 27. Конференција на началниците на Генералштабови на армиите од земјите членки на САД- Јадранската повелба (А-5)

Лафчиски ќе учествува на 27. Конференција на началниците на Генералштабови на армиите од земјите членки на САД- Јадранската повелба (А-5)

Скопје, 17 септември 2024 (МИА) - Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-мајор Сашко Лафчиски, од денеска ќе престојува во тридневна работна посета на Тирана во Република Албанија.

Генералот Лафчиски во текот на утрешниот ден ќе учествува на 27. Конференција на началниците на Генералштабови (НГШ) на армиите од земјите членки на САД- Јадранската повелба (А-5).

САД-Јадранската повелба датира од 2003 година, со потпишување на договор, во која покрај САД како покровител, Република Северна Македонија, Албанија и Хрватска се обврзаа низ институционална рамка да ја развиваат регионалната соработка во областа на одбраната. Во текот на 2008 година, на иницијативата се приклучени и Босна и Херцеговина и Црна Гора, додека Словенија, Србија и Косово имаат статус на земји набљудувачи. ев/

ФОТО: МИА Архива  

 

Остани поврзан