• петок, 22 ноември 2024

Ларсон Џеин: На политичките лидери е да одлучат за прашањето за уставните промени

Ларсон Џеин: На политичките лидери е да одлучат за прашањето за уставните промени

Скопје, 28 март 2023 (МИА) - На политичките лидери овде е да одлучат за прашањето за уставните промени, изјави Ами Ларсон Џеин, амбасадорка на Шведска, која е актуелен претседавач со ЕУ.

Пред обраќањето на конференција „Граѓанските организации – катализатори на европската интеграција на Северна Македонија“, во организација на Секретаријатот за европски прашања, амбасадорката Ларсон Џеин, на прашање од новинарите дали земјава ќе ги отвори поглавјата до крајот на годинава, порача дека тоа не е прашање на кое треба да оговори ЕУ.

-Ова е процес кој се одвина на неколку патеки, една од нив е скрининг процесот, каде гледаме многу добар прогрес. Тимот од Северна Македонија се покажа професионален, добро брифиран, и тоа е добра вест во вакви процеси. Потоа тука е прашањето за уставните промени, за коe сме свесни дека е многу спорно тука. Тоа е прашање за кое не одлучува ЕУ, туку е на политичките лидери овде да одлучат, рече Ларсон Џаин. 

Прашана во однос на ставот на опозицијата која јасно порача дека нема да ги поддржи уставните измени, шведската амбасадорка повтори дека тоа се прашања на кои треба да одговорат политичките лидерства во земјава - на опозицијата и на Владата. 

-Она што можам да кажам е дека ЕУ беше јасна во декември на Самитот во Тирана, прв ЕУ - Западен Балкан кој се одржа во регионот, дека земјите од Западен Балкан припаѓаат на семејството на ЕУ.  Се радуваме да го поздравиме членството на Северна Македонија во ЕУ. Тоа е позицијата на ЕУ, вели шведската амбасадорка. вг/са/

Остани поврзан