Лапид бара нормализација на односите Израел - Саудиска Арабија
- Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид денеска побара од премиерот Бенјамин Нетанјаху да ги нормализира односите со Саудиска Арабија, како што предлагаат САД
Тел Авив, 21 мај 2024 (МИА) – Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид денеска побара од премиерот Бенјамин Нетанјаху да ги нормализира односите со Саудиска Арабија, како што предлагаат САД.
- Нетанјаху треба да најави дека стапил во преговори со Саудијците, вклучувајќи го и делот за Палестина, посочи лидерот на опозициската партија Јеш Атид“ (Има иднина).
Според Лапид тоа ќе ги поткопа и напорите за кривично гонење на Нетанјаху пред Меѓународниот кривичен суд.
- Во Хаг нема да гонат премиерот кој е во историскиот мировен процес. Ова ќе го реши проблемот со Хаг, проблемот во Газа, а исто така ќе ни помогне да добиеме притисок од Саудијците за ослободување на заложниците, истакна Лапид.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан пред два дена му пренел на Нетанјаху дека постои можност Израел да ги нормализира односите со Саудиска Арабија доколку Ерусалим се согласи на патот кон идната палестинска држава. Нетанјаху одговори дека нема да прифати палестинска држава, дури и со нормализирање на односите со Саудиска Арабија. ми/
фото: ЕПА