• понеделник, 23 декември 2024

Лани завршена изградба на 6301 стан

Лани завршена изградба на 6301 стан

Скопје, 14 јуни 2023 (МИА) - Деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност минатата година извршиле градежни работи во вредност од 30 768 214 илјади денари, од кои 14 662 217 илјади денари се за објекти во индивидуална сопственост, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Во текот на 2022 година се градени вкупно 2 519 објекти, а завршени се 3 844 станови со вкупна површина од 257 085 метри квадратни, од кои 3 714 се во индивидуална сопственост.

По региони, најмногу се градело во Скопскиот Регион, потоа во Пелагонискиот, Југозападниот...

Во Скопскиот регион се завршени 2107 станови, од кои 1120 се во општина Аеродром, 336 во Гази Баба, 218 во Центар, 175 во Ѓорче Петров, 131 во Бутел, ...

Просечната корисна површина на завршените станови е 66,9 метри квадратни.

Според податоците на ДЗС, во 2022 година, индивидуални сопственици извршиле градежни работи во вредност од 16 896 526 илјади денари.

Податоците за извршени градежни работи и завршени станови во објекти за домување градени во индивидуална режија покажуават дека во текот на минатата година се градени вкупно 2 145 објекти и завршени се вкупно 2 457 станови со вкупна површина од 304 916 метри квадратни од кои 102 се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 7 981 метри квадратни.

Просечната корисна површина на завршените станови е 124.1 метри квадратни.

Најмногу се градело во Вардарскиот регион, потоа во Полошкиот, Скопскиот итн. лв/ац/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан