• вторник, 05 ноември 2024

Лампедуза повеќе не може да прима мигранти

Лампедуза повеќе не може да прима мигранти

Рим, 14 септември 2023 (МИА) - Градоначалникот на Лампедуза Филипо Манино денеска изјави дека бројот на мигранти кои пристигнуваат на малиот италијански остров е исклучително голем откако само во последните два дена илјадници луѓе пристигнаа со бродови од Северна Африка.

Лампедуза се наоѓа во Средоземното Море помеѓу Тунис, Малта и поголемиот италијански остров Сицилија и е првата станица за многу мигранти кои се обидуваат да стигнат до Европската унија.

„Во последните 48 часа, околу 7.000 луѓе пристигнаа во Лампедуза, која секогаш ги пречекуваше со раширени раце. Сепак, сега стигнавме до точката од која нема враќање и островот е во криза“, изјави Манино за италијанското радио РТЛ 102.5.

Тој истакна дека Европа и италијанската држава мора веднаш да интервенираат со брза операција за помош и трансфер на луѓе.

Населението на островот брои нешто повеќе од 6.000 луѓе.

Прифатниот центар за миграција на островот може да прими околу 400 луѓе.

Од почетокот на годината на италијанските брегови пристигнале речиси 124.000 мигранти, двојно повеќе отколку во истиот период во 2022 година. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан