• среда, 23 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Лами: Гнасни израелски напади врз болниците во Газа 

Лами: Гнасни израелски напади врз болниците во Газа 

Лондон, 13 април 2025 (МИА)  - Шефот на британската дипломатија, Дејвид Лами, денеска ги осуди израелските напади врз медицинските установи во окупираната палестинска енклава Појасот Газа и ги нарече „гнасни“. 

Британските медиуми денеска јавија дека во  израелски напад врз палестински цели во Појасот Газа, две израелски ракети погодија зграда во болничкиот комплекс Ал-Ахли. 

„Израелските напади врз медицинските установи целосно го деградираа пристапот до здравствената заштита во Газа. Болницата Ал-Ахли беше нападната повеќе пати од почетокот на конфликтот. Овие грозоморни напади мора да престанат. Дипломатијата, а не продолжувањето на крвопролевањето, е начинот на кој ќе постигнеме траен мир“, рече Лами во кратка објава на социјалните мрежи. 

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека нападот врз болницата Ал-Ахли бил насочен кон командниот центар на Хамас. 

Во соопштението на ИДФ се додава дека болничкиот комплекс го користеле терористите за планирање и извршување терористички напади против силите на ИДФ и граѓаните на државата Израел. 

Лекарите од болницата Ал-Ахли претходно денеска соопштија дека нема повредени во израелскиот ракетен напад, но дека се уништени одделот за итни случаи и за прием на пациенти. сд/ 

фото:МИА архива

Остани поврзан