• четврток, 04 јули 2024

Ламело Бол: Не земам пример од никого, се концентрирам на сопствената игра

Ламело Бол: Не земам пример од никого, се концентрирам на сопствената игра
Шарлот, 2 февруари 2022 (МИА) – Кошаркарот на Шарлот хорнетс, Ламело Бол, призна дека не смета ниту еден од поранешните и сегашните кошаркари на НБА за свој „модел“. - Не земам пример од никого, се концентрирам на сопствената игра. Кога бев мал, ги следев Пени Хардавеј и Џамал ​​Крафорд. Гледав што прави Крафорд на телевизија, а потоа излегов надвор и се обидов да го повторам тоа на теренот, изјави Бол за време на неговото гостување во емисијата „Inside the NBA“. Најдобриот дебитант од минатата година, во тековната сезона има просек од 19,5 поени, 7,2 скока и 7,7 асистенции по натпревар. Шарлот се наоѓа на 7. место во Источната конференција со 28 победи и 23 загубени натпревари. зс/

Тагови

Остани поврзан