• понеделник, 23 декември 2024

Ламбрехт: Новата одбранбена политика на ЕУ е „јасен сигнал“

Ламбрехт: Новата одбранбена политика на ЕУ е „јасен сигнал“
Брисел, 21 март 2022 (МИА) - Европската унија треба да усвои нова заедничка одбранбена стратегија за блокот „да може да застане“ во одбрана на другите земји-членки на ЕУ, изјави германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт. - Важно е да се испрати овој јасен сигнал, рече Ламбрехт во понеделникот пред состанокот на министрите за одбрана на ЕУ за да се разговара за предлог-политиката, пренесува ДПА. Според Ламберт Европската унија мора да ги разгледа опциите во блокот и НАТО за земјите-членки на ЕУ да дејствуваат заедно во одбраната. - Оваа заедничка цел ќе биде потребна не само во наредните месеци, туку и години, рече Ламбрехт. аа/

Остани поврзан