• вторник, 26 ноември 2024

„Ламборгини дијабло“ продадено за 380.000 евра

„Ламборгини дијабло“ продадено за 380.000 евра
Лос Анџелес, 9 мај 2022 (МИА) - Со прекинот на производството на „Ламборгини авентадор“, поскапеа моделите со „В-12“ мотори, па така, постар модел на „Дијабло“ е продаден за речиси 380.000 евра. Станува збор за „Дијабло ВТ“ од 1994 година - еден од само 150 примероци кои излегоа од погонот, којшто минал само 1.300 километри. Оваа верзија на „Дијабло“ првично се појави 1993., а во 1995 година се појави и тн. „роудстер“-теренец. Автомобилот го придвижува 5,7-литарски „В-12“ мотор кој влече корени од моделите „Миура“ и „Каунтач“. Моторот е поврзан со петстепен рачен менувач, а силата се пренесува само на задните тркала. Автомобилот има и 17-инчни „О-зи“ тркала. Цените на „Дијабло“ постојано растат, а истата состојба е и со моделот „Мурчелаго“, кој е и сѐ побаран на пазарот.  си/ссм/

Остани поврзан