• петок, 05 декември 2025

Лазарини: Израел ги злоупотребува притворените хуманитарни работници на УНРВА

Лазарини: Израел ги злоупотребува притворените хуманитарни работници на УНРВА

Газа, 29 април 2025 (МИА) - Шефот на Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци УНРВА (UNRWA), Филип Лазарини, денес го осуди третманот на Израел кон хуманитарните работници во Газа, наведувајќи дека десетици вработени во оваа агенција се притворени и злоупотребени. 

„Од почетокот на војната во октомври 2023 година, повеќе од 50 вработени на УНРВА, вклучувајќи наставници, лекари, социјални работници, биле притворени и злоупотребени. Тие биле третирани на најшокантен и нечовечки начин“, рече Лазарини во објава на Платформа X, објави Ал Џезира. 

Лазарини, исто така, рече дека добил шокантно сведоштво од колега кој му рекол дека „сакал смрт за да го заврши кошмарот низ кој живеел“. 

Тој рече дека вработените во ОН биле „тепани, користени како човечки штитови, подложени на лишување од сон, понижување, закани за повреда на нив и нивните семејства и напади од кучиња“, додавајќи дека многумина биле принудени и да дадат признанија. 

„Ова е шокантно и скандалозно. Хуманитарните работници не се мета. Нивното страдање не смее да се игнорира“, рече тој.сд/ 

фото:МИА архива

Остани поврзан