• петок, 05 декември 2025

Лазарини: Доколку не се најдат средства, ќе следи одлука без преседан за услугите кон Палестинците

Лазарини: Доколку не се најдат средства, ќе следи одлука без преседан за услугите кон Палестинците

Берлин, 24 јуни 2025 (МИА) - Шефот на Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (UNRWA), Филипе Лазарини, денеска изјави дека доколку наскоро не се најдат средства, можеби ќе мора да донесе одлуки без преседан за услугите што организацијата им ги обезбедува на палестинските бегалци.

-Секоја недела го следиме протокот на пари. Без дополнителни средства, наскоро ќе морам да донесам одлука без преседан што ќе влијае на нашите услуги за палестинските бегалци, изјави тој во Берлин, пренесен од британските медиуми.

Откако Израел ја укина 78-дневната блокада на 19 мај, секој ден во Газа влегуваат околу 60 камиони со помош, што, според хуманитарните организации, е далеку под минимумот потребен за задоволување на основните потреби на населението.сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан