• петок, 22 ноември 2024

Лажни се дојавите за бомби, завршени се сите проверки

Лажни се дојавите за бомби, завршени се сите проверки

Скопје, 24 февруари 2023 (МИА) - Лажни се денешните дојави за бомби во 18 училишта во Скопје и едно во Прилеп, соопшти МВР по направените проверки.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

На електронските адреси на 18 училишта во Скопје и едно во Прилеп денеска беа упатени закани за поставени експлозивни направи. 

Во изминатите денови секојдневно има нови дојави за бомби во училиштата.

Министерството за образование и наука вчера информираше дека е испратен допис до директорите на училиштата кога ќе добијат закани за поставени експлозивни аправи, да ја продолжат наставата онлајн. мс/са/

Остани поврзан