• сабота, 23 ноември 2024

Лажна СМС-порака ги повикува Грците на мобилизација  

Лажна СМС-порака ги повикува Грците на мобилизација   
Атина, 24 јули 2020 (МИА) - Лажна СМС-порака, наводно испратена од Министерството за одбрана на Грција, ги повикува Грците да се пријават во најблиската полициска станица за да добијат одлука за воена мобилизација, а Секторот за компјутерски криминал на грчката полиција веќе започна истрага за пораката на мобилните телефони, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција и од Министерството за одбрана соопштуваат дека станува збор за лажна порака и ги повикуваат граѓаните да ја игнорираат и да бидат внимателни. - Ве молиме да се пријавите во најблиската полициска станица каде што ќе ви биде доделена одлука со цел ваше вклучување во воениот инцидент, гласи СМС-пораката испратена до Грците, а како испраќач е потпишано Министерството за одбрана. Пораката е испратена во период кога се заострени односите меѓу Грција и Турција. ср/

Остани поврзан