• петок, 22 ноември 2024

Лажна пријавата за наводно поставена експлозивна направа во скопско училиште

Лажна пријавата за наводно поставена експлозивна направа во скопско училиште
Скопје, 24 февруари 2023 (МИА) - Министерството за внатрешни работи информира дека се направени сите потребни проверки во врска со пријавата која попладнево беше добиена од едно скопско училиште дека била добиена порака на електронска адреса со закана за наводно поставена експлозивна направа и утврдено е дека станува збор за лажна пријава.- Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажна пријава, се наведува во соопштението од МВР.

Оттаму претходно информираа за пријави за наводно поставени експлозивни направи  во 18 училишта во Скопје и во едно во Прилеп, а за кои по направените проверки е утврдено дека станува збор за лажни пријави.

Во изминатите денови секојдневно има нови дојави за бомби во училиштата.

Министерството за образование и наука вчера информираше дека е испратен допис до директорите на училиштата кога ќе добијат закани за поставени експлозивни аправи, да ја продолжат наставата онлајн. цр/лв/

 
фото:МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан