• петок, 22 ноември 2024

Лавров: Русија ќе одговори асиметрично на непријателските акции на Западот

Лавров: Русија ќе одговори асиметрично на непријателските акции на Западот
Москва, 12 ноември 2021 (МИА) - Доколку е потребно, Русија ќе одговори асиметрично на непријателските дејствија на Западот на полето на стратешката стабилност, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, коментирајќи ги резултатите од состанокот на Советот Русија – Франција за безбедносна соработка. На средбата се дискутираше и за стратешката стабилност, вклучително и во контекст на новите предизвици што се појавија по повлекувањето на САД од Договорот за елиминација на ракетите со среден и краток дострел. - Ние ги потврдивме нашите намери и продолжуваме да покажуваме воздржан пристап, да не создаваме вештачки проблеми, но, секако, ќе реагираме на непријателските чекори што ги презема Западот. Ќе дејствуваме во огледало и ако треба и асиметрично“, нагласи Лавров. Претходно, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу оцени дека воената и политичката ситуација во Европа се влошува додека НАТО го зголемува военото присуство во близина на руската граница. Тој додаде дека Москва и Париз треба заеднички да ги анализираат безбедносните проблеми во интерес на деескалација на ситуацијата  во Европа и избегнување на воените инциденти. – Министрите за одбрана и за надворешни работи на двете држави разговараа за ситуацијата во Европа, на Блиски Исток и во Северна Африка, изјави рускиот заменик-министер за одбрана Александар Фомин. Тој додаде дека се дебатирало и за стратешката стабилност и европска безбедност, контрола во вооружувањето и билатералните односи. ми/

Остани поврзан