• сабота, 23 ноември 2024

Лавров: Русија настојува да ја отстрани заканата од нуклеарна војна

Лавров: Русија настојува да ја отстрани заканата од нуклеарна војна
Москва, 26 април 2022 (МИА) - Русија настојува да ја отстрани заканата од нуклеарна војна, тврди рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров. Тој предупреди дека заканата од трета светска војна навистина постои и е сериозна. - Русија настојува да ја отстрани заканата од нуклеарна војна и покрај големите ризици во овој момент, изјави Лавров синоќа за руската државна телевизија. Околу тензиите меѓу Русија и Западот поради руската офанзива на Украина, Лавров подвлече дека „опасноста од трета светска војна е сериозна и не смееме да ја потценуваме“. Како што пренесуваат странските агенции, тој го обвинил украинскиот претседател Володимир Зеленски „за глумење дека преговара“. - Тој е добар глумец. Ако внимателно гледате и читате што зборува, ќе забележите илјада противречности, рече Лавров. бд/паг/

Остани поврзан