• четврток, 12 декември 2024

Лавров пристигна во посета на Катар

Лавров пристигна во посета на Катар

Доха, 5 декември 2024 (МИА) - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вечерва пристигна во посета на Катар, каде ќе учествува на Форум во Доха, јави руска новинска агенција.

Се очекува во Доха да се одржи и состанок на министерско ниво во форматот од Астана во позадина на влошената ситуација во Сирија.

Форумот во главниот град на Катар е меѓународна конференција која се одржува од 2003 година. Оваа година настанот ќе се одржи на 7 и 8 декември. Учесниците на форумот ќе разговараат за широк спектар на прашања поврзани со меѓународната безбедност, енергетската транзиција и одржливиот развој. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан