• недела, 07 јули 2024

Лавров пристигна во Мароко на руско-арапскиот форум

Лавров пристигна во Мароко на руско-арапскиот форум

Маракеш, 20 декември 2023 (МИА) - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска пристигна во мароканскиот град Маракеш за да учествува на Форумот за руско-арапска соработка.

Авионот на Лавров слета на аеродромот „Маракеш Менара“. Претходната сесија на овој форум се одржа во Москва во април 2019 година, а состанокот беше прекинат поради пандемијата на корона вирусот.

Руското Министерство за надворешни работи го нарече форумот „важен механизам за соработка“ меѓу Русија и арапските држави. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан