Лабудовиќ: Центарци знаат што сакаат - време е за промени
- Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, на последниот ден од кампањата им се обрати на своите сограѓани, упатувајќи повик за излезност и избор на промени во недела, се наведува во соопштението од ЗНАМ, кое МИА го објавува интегрално.
17 октомври 2025
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, на последниот ден од кампањата им се обрати на своите сограѓани, упатувајќи повик за излезност и избор на промени во недела, се наведува во соопштението од ЗНАМ, кое МИА го објавува интегрално.
„Ви се обраќам со срце исполнето со благодарност, одговорност и верба дека Центар може повторно да блесне,“ истакна Лабудовиќ.
„Ова не е само повик за избори - ова е повик за промена, надеж и иднина што ќе ја создадеме заедно. Центар не е само општина - тоа е нашето срце. Стојам пред вас со јасна визија за тоа во каква општина сакаме да живееме. Јас сум човек кој сака да направи промена - со знаење, тим и искреност. Не ветувам невозможни работи. Ветувам посветеност, план и резултати. Ветувам дека секој проект, секоја идеја и секоја промена ќе има една цел - подобар живот за сите нас“, нагласи Лабудовиќ.
Тој потсети дека програмата е создадена со една јасна мисла - да се изгради Центар што е почист, поуреден, позелен и похуман. „Да создадеме општина што дише, што се грижи, што инспирира,“ додаде тој.
„Ова не е само моја визија – ова е наша заедничка задача. Верувам во заедништвото. Верувам во секој од вас што верува дека Центар може подобро. Затоа, ве повикувам: Излезете и гласајте за нова енергија, за чесност, за визија што се гледа во дела. На гласачкото ливче заокружете број 2 – за Центар што заслужува луѓе со срце, визија и дело. За Центар што повторно ќе блесне, порача Лабудовиќ.
Линк до видео изјава:
https://www.swisstransfer.com/d/d10aa7de-90c3-4f52-bce8-4b90e8d5236e