• петок, 05 декември 2025

Лабудовиќ: Плоштад Феникс, новото срце на Центар

Лабудовиќ: Плоштад Феникс, новото срце на Центар

Скопје, 30 октомври 2025

Центар се подготвува да добие нов симбол што ќе ја претставува неговата енергија, култура и иднина - Плоштад Феникс, замислен како плоштад на заедништвото, инспирацијата и животот. Проектот, кој го најави кандидатот за градоначалник Мирослав Лабудовиќ, има за цел да создаде ново урбано и културно јадро што ќе ги поврзе луѓето и ќе ја врати гордоста на живеењето во Центар, се вели во соопштениет оод ЗНАМ од изјавата на нивниот кандидат за градоначалник на Општина Центар, што МИА го пренесува интегрално.

„Време е Центар да добие симбол кој ќе ги обедини сите. Го најавувам проектот Феникс - Плоштад на заедништвото! Нов, модерен и зелен простор што ќе биде симбол на новата надеж и иднината. Плоштад кој ќе ја раскаже приказната за Центар и центарци.“ - изјави Лабудовиќ.

Новиот плоштад е осмислен како современ јавен простор каде ќе се среќаваат културата, уметноста и секојдневниот живот. Тој ќе биде место каде луѓето ќе се собираат, ќе слушаат музика, ќе гледаат уметнички изложби, ќе се дружат и ќе го чувствуваат духот на заедништвото што отсекогаш ја красело оваа општина.

Проектот „Феникс“ ќе никне во склоп на новата општинска зграда која ќе биде пример за еколошка, енергетски ефикасна и современа архитектура. Просторот ќе опфати подземен паркинг, уметничка галерија, прв детски креативен центар и бројни јавни содржини наменети за граѓаните, со цел Центар повторно да стане вистинско место за живеење, создавање и уживање.

„Феникс нема да биде само нов плоштад - тој ќе биде симбол на препородот на Центар. Со него, градиме место каде што културата, уметноста и заедништвото ќе живеат секој ден. Центар повторно ќе дише, ќе биде жив, модерен и горд.“ - додаде Лабудовиќ.

Со оваа иницијатива, Центар добива повеќе од инфраструктурен проект - добива визија. Визија за град што се развива со идеја, се гради со почит кон луѓето и се движи напред со љубов кон својата заедница.

Плоштад Феникс е замислен како новото срце на Скопје - место што обединува, инспирира и потсетува дека Центар секогаш бил и ќе остане просторот каде што се раѓа духот на градот.

ЗНАМ

Фото: ЗНАМ

Линк до видео изјава: https://www.swisstransfer.com/d/3d0a67d9-424b-41a6-ba82-a9d801b2d9aa

Остани поврзан