• петок, 05 декември 2025

Лабудовиќ: Во секое училиште и градинка ќе обезбедиме здрав, топол и квалитетен оброк за секое дете

Лабудовиќ: Во секое училиште и градинка ќе обезбедиме здрав, топол и квалитетен оброк за секое дете

Скопје, 15 октомври 2025

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, најави една од, како што рече, најважните мерки во својата програма - воведување на здрав, топол и нутритивно избалансиран оброк за секое дете во сите градинки и училишта во Центар, се вели во соопштението од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, кое што МИА го објавува интегрално.

„Имаме јасна цел - секој оброк што ќе го добијат децата да биде свеж, квалитетен и приготвен со љубов и внимание. Менито ќе го подготвуваат професионални нутриционисти, кои ќе внимаваат да има баланс меѓу хранливите вредности и вкусот што децата го сакаат,“ изјави Лабудовиќ.

Целта на оваа мерка е здравата исхрана да биде темел на растот и развојот на децата. „Здравата храна не е луксуз, туку право на секое дете. Затоа оваа мерка не е само оброк - тоа е инвестиција во здравјето и иднината на најмладите,“ потенцираше Лабудовиќ.

Оброците ќе бидат подготвени од домашни и внимателно избрани намирници, со проверен квалитет. „Оброкот ќе биде навистина топол - подготвен со грижа, внимание и љубов. Сакам родителите да бидат спокојни дека нивните деца секој ден во училиштето и градинката го добиваат најдоброто,“ додаде тој.

Освен здравствената компонента, мерката има и економска и општествена димензија. Со неа ќе се поддржат локалните производители и ќе се подигне свеста за важноста на правилната исхрана уште од најмала возраст.

<iframe width="560" height="315" src="https://www.youtube.com/embed/_Km5ikoMbEU?si=OiWs2c6BpydQ_-Fz" title="YouTube video player" frameborder="0" allow="accelerometer; autoplay; clipboard-write; encrypted-media; gyroscope; picture-in-picture; web-share" referrerpolicy="strict-origin-when-cross-origin" allowfullscreen></iframe>

„Центар мора да биде пример - општина што се грижи и што покажува дека секое дете е подеднакво важно. Здравото дете е среќно дете, а среќното дете е иднината на Центар. Верувам дека токму со вакви мерки ја градиме основата за подобро утре - за општина во која нејзините најмлади жители ќе растат здрави и радосни,“ порача на крајот Мирослав Лабудовиќ.

Фото: ЗНАМ

Остани поврзан