Лабиб: Мораме да го ублажиме страдањето на палестинскиот народ
- Последниве денови во Газа се убиени десетици луѓе, главно Палестинци, а хуманитарната помош одново е се држи во заложништво, што покажува колку е кревок договорениот прекин на огнот, изјави еврокомесарката еднаквост, подготвеност и управување со кризи Хаџа Лабаб при пристигнувањето на денешниот состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ во Луксембург.
Луксембург, 20 октомври 2025 (МИА) - Последниве денови во Газа се убиени десетици луѓе, главно Палестинци, а хуманитарната помош одново е се држи во заложништво, што покажува колку е кревок договорениот прекин на огнот, изјави еврокомесарката еднаквост, подготвеност и управување со кризи Хаџа Лабаб при пристигнувањето на денешниот состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ во Луксембург.
- Мојата порака до министрите за надворешни работи ќе биде многу јасна. Потребен ни е целосен пристап до хуманитарна помош, за да се ублажи страдањето на палестинскиот народ, изјави Лабиб.
Таа истакна дека според информациите од теренот, бројот на камиони со хуманитарна помош што пристигнуваат во Газа е зголемен, но дека тоа е се уште далеку од ветените 600 камиони дневно, поради што е потребно сите гранични премини да бидат отворени за доставување на помошта во доволен обем.
- Ситуацијата е навистина критична. Влегуваме во зимата и имаме стотици илјади луѓе кои живеат меѓу урнатините, без домови и без ќебиња, без се, додаде Лабиб.
Од тие причини, според неа, ЕУ како најголем донатор за Палестинците е подготвена дополнително да ја зголеми таа помош со издвојување на дополнителни финансиски средства и воспоставување на хуманитарен воздушен мост.
Таа нагласи дека „планини од хуманитарна помош“ од вкупно над 170 метрички тони храна, лекови и други средства потребни за спасување животи чекаат недалеку од Палестинците во Газа, кои страдаат и гладуваат, поради ограничениот хуманитарен пристап.
- Хуманитарната помош никогаш не смее да биде адут за преговори и таа секогаш мора да стигне до луѓето. Тоа е законска обврска според меѓународното хуманитарно право, додаде Лабиб.
Еврокомесарката истакна дека во исто време не смее да се заборави и на Западниот Брег, каде ситуацијата, како што рече, исто така се влошува со зголемување на насилството и раселување на палестинскиот народ.
- Затоа мора да го замолчиме оружјето и да избереме дипломатија, заклучи Лабиб. сп/ми/
Фото: МИА Архива