• четврток, 18 јули 2024

КФСМ одржа редовно годишно Собрание

КФСМ одржа редовно годишно Собрание
Скопје, 5 септември 2022 (МИА) – Кошаркарската федерација на Северна Македонија (КФСМ) денес во хотелот „Александар Палас“ во Скопје одржа редовна годишна седница на највисокот орган на федерацијата – Собранието. - Присуствуваа мнозинство од клубовите со право на глас. Делегатите ги усвоија финансискиот и извештајот за работата, како и измените и дополненијата во Регистрацискиот правилник. На седницата со која раководеше претседателот Перо Антиќ, како гостин, овојпат во улога и на советодавач, беше и директорот за Агенцијата за Млади и спорт, г-динот Наумче Мојсоски, соопшти КФСМ. Клубовите кои беа присутни на сеницата, имаа можност директно да се запознаат со функционирањето на „спортскиот ваучер“, и да се информираат за актуелниот момент поврзан со начинот и реализацијата на средствата кои ги предвидува државата како дополнителна помош за кошаркарските колективи во наредниот период. Делегатите, вкупно 23, кои присуствуваа на седницата на Собранието, го усвоија извештајот за работата на КФСМ за 2021/2022, како и финансискиот извештај на федерацијата за 2021 година. Од страна на новиот спортски директор, Марјан Србиновски, присутните делегати беа запознати и за понатамошните планови за работа на националните селекции, а преку комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ и за одредени измени и дополнувања во Регистрацискиот правилник на федерацијата Едногласно, беа усвоени сите предлози, во најголем дел поврзани со функционирањето на младинскиот сегмент во работата на органите на федерацијата. зс/

Остани поврзан