• вторник, 05 ноември 2024

КФСМ: Комеморацијата за Лечиќ в сабота

КФСМ: Комеморацијата за Лечиќ в сабота

 

Скопје, 16 септември 2024 (МИА) – Македонската кошаркарска федерација (КФСМ) претстојниот викенд ќе му одаде посебна почест на легендарниот Лазар Лечиќ, кој почина на 12 август на 85 – годишна возраст.

„Во консултации со семејството на најголемата македонска кошаркарска легенда, федерацијата ќе организира комеморативен собир во чест на големиот Лазар Лечиќ“, соопшти денеска КФСМ.

Комеморацијата ќе се одржи на 21 септември во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, со почеток од 13. часот.

Популарниот „Грк“ работеше во Работнички, МЗТ Скопје, Никол Ферт, а беше тренер и во Србија (Борац Чачак и Војводина), Словенија (Олимпија Љубљана) и Грција (Арис). Како дел од стручниот штаб на југословенската репрезентација има освоено светски шампионат во 1970 година.

Лазар Лечиќ се смета за еден од основоположниците на кошарката во независна Македонија.

Во 2015 година ја доби државната награда „8 Септември“.ег

Остани поврзан