• вторник, 05 ноември 2024

Куќна помошничка фрлила туѓ стар душек, „тежок“ 50.000 евра в ѓубре

Куќна помошничка фрлила туѓ стар душек, „тежок“ 50.000 евра в ѓубре

Монтебелуна, 29 октомври 2024 (МИА) - Жена од градот Монтебелуна, северна Италија, фрлила стар душек за кревет, полн со накит и пари, „тежок“ околу 50.000 евра, пишува весникот „Трибуна ди Тревизо“ (Tribuna di Treviso).

Сметајќи го дотраениот душек за тежок отпад кој само зафаќа многу простор, куќната помошничка го извадила од гаражата на сопственичката - постара жена, и го однела на градската депонија. Помошничката не знаела дека душекот е користен како складиште пари, накит и кредитни картички.

По неколку часа, постарата жена забележала дека душекот веќе не е на своето место, па нејзината ќерка веднаш стапила во контакт со полицијата.

Така, заедно со околните општински службеници стигнале до депонијата. Потрагата потоа траела дури еден час, но душекот е пронајден, а со него и недопреното богатство.  си/паг/

Фото: Пиксабеј

Остани поврзан